Пејачот Мерилин Менсон (52) ќе и се предаде на полицијата и ќе се соочи со обвиненијата од 2019 година за нападот на снимател во американската држава Њу Хемпшир, соопшти тамошната полиција…
Менсон чие вистинско име е Брајан Хју Ворнер има две прекршочни пријави за нападот врз снимателот кој бил ангажиран да го снима неговиот концерт, за што му е предвидена казна од две илјади долари и затвор од најмногу една година.
Пејачот беше и јавно обвинет за сексуално и физичко злоставување од страна на актерките Еван Рејчел Вуд и Есме Бјанко, со која беше и во љубовна врска.