Сутерен.мк

Менциј, првпат интегрално на македонски

Вечерва (петок, 17 јуни 2022 година), со почеток во 19,19 часот, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгата од областа на старата кинеска филозофија „Менциј“, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија.


Книгата, која е издание на „Македоника литера“, ќе ја промовира проф. д-р Ристо Солунчев.
За местото на Менциј во класичната кинеска филозофија ќе зборува д-р Игор Радев.
Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. „Менциј“ првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј.
Делата на Меницј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик.
„Македоника литера“ претходно ги има објавено „Лун Ји (Беседи и мислења)“ на Конфучиј (познати и како „Аналектите“ или „Изреченија“), „Тао Те Кинг“ на Лао Це и „Безгрижно талкање“ на Чуанг Це.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *