Новиот филм на Нетфликс за Мерилин Монро, “Blonde” („Русокоса“) ги вознемири гледачите поради една сцена во која холивудската дива брутално ја силува, никој друг туку покојниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.
Филмот во кој играат Ана де Армас, Адријен Броди, Боби Канавале, Ксавиер Семјуел, Каспар Филипсон и Џулиен Николсон неодамна е пуштен во кината, а би требало на Нетфликс да се појави на 28 септември.
Треба да се има предвид дека дејствието во филмот е во голем дел измислено. Иако филмот прикажува некои вистинити аспекти од животот на покојната актерка, најголем дел од дејството се заснова на фикција, на романот на Џојс Керол Оутс од 2000 година.
Филмот предизвика бурни реакции откако беше објавено дека доби оцена НЦ 17, што значи дека деца помлади од 17 години не може да го гледаат, дури ни под надзор на возрасни.
Меѓутоа, сега е откриено дека филмот содржи повеќекратни прикази на сексуален напад и насилство.
Освен Џон Кенеди, во филмот актерката ја силува и филмскиот продуцент Дерил Занук.
Режисерот Ендру Доминик во целост застана во одбрана на својот филм, иако за сајтот Скрин дејли ијзави дека тоа „еден филм што бара многу разбирање, а ако не ѝ се допадне на публиката, тоа е нејзин проблем.