Сутерен.мк

Метаболизмот не е крив што сме дебели!

Најновото истражување објавено во списанието „Science“ открива дека метаболизмот не е главен виновник за дебелеењето што значително се зголемува со влегувањето во средните години!

Студијата спроведена на 6 400 луѓе укажува дека метаболизмот кај луѓето останува на исто ниво од 20-тата до 60-тата година. Имено, од раѓањето до пубертетот тој е значително брз, потоа има лесно успорување, од втората деценија до шестата нема никакви промени, а после шеесеттата година, значително (за 26 проценти) забавува.

Што ќе рече, не можеме веќе да се „вадиме“ на средовечнотот доба и нашата „беспомошност“ во врска со тоа, туку дека главна причина за дебелеењето е внесувањето на вишок енергија преку храната (научниците од истото истражување велат дека вкупната потрошена енергија е многу тешко да се измери).

Предмет на истражувањата во врска со светската епидемија на популација со вишок на килограми и понатаму се гените, метаболички нарушувања (не спорост), неухранетоста во детството, лековите, навиките во исхраната, психолошките тегоби…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *