Сутерен.мк

Микро тренд

Не постои обожователка на ТВ серијата „Сексот и градот“ која не се сеќава на сцената во која Кери Бредшо, влегува во станот во кошулата на дечко и што ја има облечено како мини фустан, а во половината ја затегнала со каиш на Хермес!

Кошула како фустан и не е некој нов концепт и во понудата на модните брендови е секоја сезона, но оваа пролет доживеа вистинско мало воскреснување.

Голема заслуга за тоа има модната куќа Валентино и нивната итра Инстаграм кампања. Па така, секоја жена што нешто значи во светот на шоу бизнисот најмалку еднаш во текот на изминатиов месец е појавена во пет броја поголема кошула, во сите можни бои и дезени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *