Сутерен.мк

Мили мои Сизифи

Фејсбук с(р)еќавања…

Еден многу мудар човек еднаш рече: „Не ги престигнувајте попаметните од себе. Вистинската натпреварувачка дисциплина се вика – кој подолго, а не кој побрзо ќе вози.“ Јас би додала – и кој со помалку сообраќајќи, притоа.

Знам дека ќе прозвучам како – никому потребните и „ничим изазваните“ – лајф коучи, но секогаш треба да имаме нескромни, но реални желби.

Во 2025-та посакувам да не жалиме за изгубеното и многу, мнооогу да очекуваме и од себеси и од другите. Ќе се разочараме речиси секогаш, ама тоа не е причина да се задоволуваме со малку.

Не со предмети (и онака само зафаќаат место и прашина), туку да тежнееме, затоа што и ни припаѓаат, кон чекори исполнети со леснотија, соништа со страст, возвратена лојалност, искажано сочувство, признание за сработеното.

Да не храбри љубовта кога сме сами, да имаме можност да направиме избор, па макар и погрешен.
Секој ден да имаме барем една причина за насмевка.

Чувајте се себе си, чувајте ги најмилите.

Не ги фрлајте старите ќебиња. “Зимата” допрва почнува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *