Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, продуцира емисија за готвење што ќе започне со емитување на 16 март на Нетфликс.
Мишел е извршен продуцент и ѕвезда на емисијата „ Waffles + Mochi“, која е наменета за помладата популација, а темата е тесно поврзана со нејзината кампања „Let’s move“ што е насочена кон сузбивањето на дебелината кај децата.
Ова не е прв медиумски предизвик за Мишел: нејзиниот документарец „Becoming“ веќе е е на Нетфликс, а од минатата година на Спотифај и оди и емисија која се занимава со односите во врските.
Продуцентската куќа на Мишел и Барак Обама, Higher Ground Production, има потпишано повеќегодишен договор со Нетфликс за продукција на филмови и серии.