Драмски театар Скопје во февруари почнува со проби за нова претстава „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ и драматизација на Бранислава Илиќ. Премиерата е закажана за 26 март годинава, информираат од Драмски.
Стефановски беше познат македонски драматург кој почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските ,,Диво месо“, ,,Тетовирани души“, ,,Дупло дно“, ,,Лет во место“ и многу други, кои праизведбите ги имаа токму на сцената на Драмски театар.