Сутерен.мк

Можеме ли да направиме вода?

Колку уште воздух за дишење имаме на планетава? Зошто копривите не „горат“?

  • Копривата е прекриена со тенки и шупливи влакненца кои се прекршуваат, ако се „изгребат“ од нешто и притоа се ослободува сложена мешавина на хемикалии. Кога ќе ја допре нашата кожа, резултатот е познат – жежење, пецкање, чешање и отекување. Минувањето низ поле од коприви е болно искуство било каде во Европа. Сепак, ако е за утеха, има некои видови од ова растение на Далечниот исток кои предизвикуваат многу посериозни последици – на пример, грчење на вилицата, што трае со денови, а понекогаш и смрт.
  • Вода можеме да добиеме, ако запалиме водород, па така да се соедини со кислородот при што се создава она познато Н2О. Меѓутоа, со таквата постапка не би можеле да произведеме доволно свежа вода за целата планета, бидејќи главниот извор на водород е водата! Од друга страна, кога водородот се користи како гориво, со неговото согорување се ослободува голема количина на енергија што може да придвижи автомобил. Единствениот хемиски производ во таа постапка е водата, што е сосема безопасно за околината во споредба со штетните материи што остануваат после согорувањето на нафтата и останатите фосилни горива.
  • Се проценува дека тропските шуми ширум светот, создаваат 20 отсто од кислородот во земјината атмосфера. Сечата на шумите не предизвикува далекусежни последици за нашата планета, помеѓу другото и затоа што на соголените површини се садат земјоделски растенија. Придонесот на фотосинтезата во атмосферскиот кислород не е голем, вкупно 0,017 проценти годишно. Кога со некое чудо фотосинтезата би престанала на целата планета, дури за 500 години количината на кислотродот би паднал на 19,5 отсто, што е најмалата количина потребна за нашето дишење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *