Сутерен.мк

Можете да живеете квалитетно, дури и ако умирате

Познатиот британски ТВ водител Џони Ирвин објави дека се бори со ракот во терминална фаза, а според лекарите му остануваат само уште неколку месеци живот.

Во интервју, 48-годишниот Ирвин откри дека ракот на белите дробови му се проширил на мозокот и дека се надева дека неговата приказна ќе ги охрабри и инспирира луѓето „да го искористат максимумот од секој ден“.
Џони открил дека првиот симптом го почувствувал во август 2020 година кога видот ненадејно му се заматило додека возел.

– Во рок одедна недела од тој момент ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Морав да одам дома и да ѝ кажам на својата сопруга, која тогаш ги чуваше нашите новородени близнаци, дека ќе остане сама. Тоа беше поразително. Сè што можев да направам е да ѝ се извинам. Чувствувам одговорност за тоа што се случува – раскажал водителот.

Џони и неговата сопруга Џесика ги имаат двегодишните близнаци Рафа и Кормак и тригодишниот син Рекс, а тој вели дека до неодамна сакал да ја држи во тајност својата болест.

– Сепак, сега е дојдено до степен да се чувствувам како да имам некоја валкана тајна, како да имам невидлив товар на грбот. Се надевам дека со отстранувањето на тој товар, можам да ги инспирирам луѓето кои се во иста ситуација, чии денови се одбројани, да го искористат максимумот од секој ден, да им помогнам да видат дека можете да живеете добар живот, дури и ако умирате.

Еден ден, ова ќе ме стигне, но правам сѐ што можам за тој ден да дојде што е можно подоцна. Тоа им го должам на мојата сопруга и на синовите. Некои луѓе во мојата ситуација имаат списоци со желби, но јас само сакам да направиме колку што можеме како семејство – раскажал Ирвин.

Овој Британец истакнал дека не знае колку му останало, но дека сигурно е дека тоа не е многу, но дека сепак се труди да остане позитивен и дека има став да живее со ракот, а не да умира од него.

– Поставувам мали цели, работи поради кои сакам да бидам тука. Стекнав навика да си велам да не планирам однапред, бидејќи можеби нема да бидам доволно добро за да го остварам тоа. Но, сега – сега сакам да правам планови. Сакам да правам спомени и да ги фатам овие моменти со моето семејство, бидејќи реалноста е дека моите момчиња ќе пораснат без да го познаваат својот татко и тоа ми го крши срцето – заклучил тој.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *