Викендов во Ресен се одржа за првпат мото фестивал во организација на мотоклубот Црна Река под покровителство на градоначалникот и општината
На фестивалот учествуваа голем број на домашни мотоклубови, како и мотоклубови од соседството.
За забавниот дел на мото фестивалот се погрижија неколку домашни рок бендови кои беа на ниво на својата задача како што и доликува на еден ваков настан.
Од МК Црна Река велат дека посакуваат овој мото настан да стане дел од домашната мото сцена и да се одржува долги години.