Сутерен.мк

Мрачните тајни на „Викторија сикрет“

Документарниот серијал од три дела „Викториа’с сикрет: Ангели и демони“ и ќе пристигне на платформата Хулу на 14 јули.

Станува збор за еден од оние документарци (во режија на Мет Тирнауер) што се обидуваат навлезат зад корпоративната завеса и покажуваат колку некои места можат да бидат ужасни, и покрај нивната совршена надворешност и неверојатна слика. Во центарот на приказната се глобално популарниот бренд и неговиот долгогодишен извршен директор, таинствениот милијардер Лес Векснер.

Повидливите пукнатини на прекрасната фасада на „Викторија сикрет“ почнаа да се појавуваат во јули 2019 година, кога „Њујорк тајмс“ објави голем напис во кој детално беа опишани професионалното партнерство и пријателство помеѓу тогашниот сопственик на компанијата, Лес Векснер, и озлогласениот сексуален предатор Џефри Епстајн, кој претходно беше осуден за сексуално злоставување жени. Епстајн тогаш го чекаше судењето и изврши самоубиство во својата затворска ќелија само неколку недели по објавувањето на написот во весникот.

„Њујорк тајмс“ откри дека на Епстајн му било дадено полномошно за богатството на Векснер и дека Векснер му продал бројни имоти со голем попуст, вклучително и голема куќа во Апер Ист Сајд и приватен авион што тој наводно го користел за трговија со жени и малолетнички, наречен „Лолита експрес“. Многу од жртвите рекоа дека Епстајн се претставувал како скаут за „Викторија сикрет“ пред сексуално да ги вознемирува и нападне.

Векснер тврдеше дека не знаел за предаторското однесување на Епстајн и дека ги прекинал сите врски со него 18 месеци откако Епстајн за првпат беше уапсен затоа што наведувал малолетници на проституција во 2008 година.
Од 2021 година, компанијата има нови сопственици, нова политика, а „ангелите на Викторија“ се минато. Новите лица се, меѓу другите и најдобрата американска фудбалерка Меган Рапино, актерката Пријанка Чопра Џонас и тенисерката Наоми Осака.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *