Еден од најоткачените, најлудите, најдуховитите, но и најоригиналните ликови во ТВ сериите воопшто е оној на Фиби Буфе во „Пријатели“, што го глумеше Лиза Кудроу (1963, година).
Па така, некои нејзини реплики за секогаш влегоа во историјата на ситкомите…
- Фиби. Одлично име. Ти се допаѓа? Можеби би требало да го чуеш мојот телефонски број.
(Таа нејзина самодоверба може само да не засрами! Многу и е гајле на Фиби како му звучи ова на шизикот!Може само да победи во ситуацијава т.е. тој да ја повика на состанок.)
- Доколку сакате да добивате мејлови за моите наредни настапи, тогаш ве молам дајте ми пари за да можам да си купам компјутер.
(Некому му е срам и тестер да земе од продавница иако, тие за тоа и се наменети – за земање! Практичноста на Фиби треба да се предава на факултет.)
- Познат факт е дека јастозите се заљубуваат во својот партнер за цел живот. И знаете што, навистина можете да видите стари парови на јастози кои се шетаат заедно во своите аквариуми и се држат за нивните клешти.
(Фиби верува во вистинска љубов и тука не и можеме ништо!)
- Ако сум семоќна, барем на еден ден, ќе сакам мир во светот, да нема повеќе глад, добри нешта за прашумите… И поголеми гради!
(Фиби многу добро знае дека мала доза на себичност може да биде добра за нас, но и за другите околу нас.)
- Кравата во ливадите прави муу, кравата во ливадите прави муу. Тогаш фармерот ја удира по главата и ја меле и ете од каде доаѓаат хамбургерите.
(Овој стих од нејзините крајно неримувани песни има многу повеќе направено за заштитата на животните отколку илјадниците протести на истата тема!)
- Тој беше морничав. И злобен. И малку застрашувачки. Сепак, убаво е да се има состанок на денот на вљубените.
(Не мора постојано да се драми околу погрешните избори! Сакајте го она што го имате во моментот. Без разлика колку, како ќе трае…)
- Посакувам да можев. Но, не сакам.
(Не мора Фиби ништо! Не мора никој.)
- Знаев дека нешто не е во ред. Моите нокти воопшто не пораснаа вчера.
(Фиби му верува на своето искуство односно инстинктите односно интуицијата.)
- Деби, мојата најдобра пријателка од основно училиште ја удри гром на мини терен за голф. Секогаш добивам многу силни Деби-вибрации кога и да ги користам оние мали жолти моливи.
(Не мора сите пријатели да ни се нобеловци ниту пак, најглавните фаци во градот! Пријателите не се исто што и модни додатоци, ок?)