Годишно има по 100-на нови болни со мултиплекс склероза. Бројката постојано расте, а терапија има едвај и за веќе регистрираните пацинети.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“, по повод 30 мај – Светскиот дена на лицата заболени од мултиплекс склероза денеска под мотото „Различноста обединува“ одржа марш за подигнување на јавната свест за проблемите кои се соочуваат овие лица, за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и нивна социјална инклузија.