Сутерен.мк

Мурињо во свој стил и честиташе на Шпанија

Харизматичниот португалски старатег Жозе Мурињо и ја честиташе рекордната четврта титула на Шпанија на Европските првенства преку порака на социјалните мрежи, преку која воедно ја искористи шансата и самиот да се пофали.

Мурињо кој го предводеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година посебен акцент стави на неговите поранешни фудбалери Алваро Мората, Дани Карвахал и Начо кои добија шанса додека тој беше лидер на славниот клуб.

„2024 – освојувач на Лигата на Шампионите и капитен Начо Фернандез, потоа европскиот шампион и капитен Алваро Мората. Честитки до нив и до тренерот кој им даде шанса да дебитираат кога беа деца во младинската школа“, напиша Мурињо со неколку насмеани емоџија, а потоа додаде:

„Истиот тренер кој не сфати дека Дани Карвахал е уште еден (одличен играч). Честити до господинот Де ла Фуенте на неверојатно добро завршената работа. Победи најдобриот тим“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *