Муслиманските верници го прославуваат Рамазан Бајрам

Муслиманските верници ги наполнија џамиите низ земјата во раните утрински часови за да го прослават еден од најважните празници на нивната вера, Рамазан Бајрам, кој исто така го симболизира крајот на светиот месец Рамазан, познат како месец на духовно и физичко прочистување.

Поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаи ја водеше бајрамската молита во Мустафа-пашината џамија во Скопје. Тој пред присутните зборуваше за важноста на празникот.

Фетаи рече дека овој празник треба да ги зајакне врските и почитта со другите. Тој повика на прекин на убиствата и се молеше да не се случат дополнителни трагедии.

„Постот не научи како треба да го отстраниме тоа што го бара телото на човекот и не учи на тоа што е духовно, морално и хумано. Затоа ова е ден на голема победа за сите верници и верниците со големо задоволство му се радуваат и го слават благодарение на семоќниот Бог, а верниците ги чекаат наградите кои им се гарантирани Господ. Еднаш засекогаш треба да им се стави крај на непотребните заплеткувања и големото зло што се вика убиство или одземање на туѓ живот. Затоа каде и да сме да се подигне одговорноста за човечкиот живот на највисоко ниво за никогаш да не се случуваат трагедии и губење животи на најсуров начин како и во минатато така и сега. Човечкиот живот е свет бидејќи е дар од Бога и треба да се чува многу внимателно“, порача Фетаи.

На молитвата присуствуваше и претседателот на Собранието, Гаши, кој упати честитки.

По молитвата, верниците го поминуваат остатокот од денот на средби со своите роднини и разменуваат поздрави.

Фитр Бајрам денеска се слави во Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Палестина, Судан, Јемен и Турција. Во понеделник ќе се слави во Оман, Египет, Сирија, Јордан, Алжир и Тунис бидејќи младата месечина не може да се види во овие земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *