Сутерен.мк

Навистина ли мачките ни носат подароци?

Колку и да ни е убаво да мислиме дека мачките со тоа што ќе ни донесат (полу)мртов гулаб, глушец, гуштер… не наградуваат за нашата грижа за нив, тоа не е точно!

Додека современите домашни мачки ретко ги јадат суштествата што ќе ги донесат дома, тие биле важен извор на храна за праисториските мачки, а и модерните скитници поминуваат повеќе време во лов од оние што имаат трајни засолништа.

Звучи чудно, но и носењето на ловот и неговото полагање пред нозете на сопственикот е исто така диво однесување.

Во дивината, мајките природно ги враќаат полумртвите животни во своите легла, за нивните младенчиња да вежбаат ловење. Некои експерти мислат дека давањето на „подароци“ на домашните мачки е продолжение на оваа особина: или инстинктивно ги враќаат своите улови таму каде што живеат, или се убедени дека вие сте особено неспособно маче, кое мора да научи како се лови!

Ете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *