Сутерен.мк

Навредлива уметност?!

Статуа, откриена пред неколку дена во градот Сапри во јужна Италија, предизвика бурна расправија меѓу тамошните политичари!

Имено, бронзената жена која претставува хероина од песна на Луиџи Меркантини од 19 век, носи проѕирна и припиена облека, членката на сенатот Моника Кирини ја нарече како „шлаканица за историјата и жените“, а поранешната пак, сенаторка Мануела Рапети јавно праша „дали е нормално вака да се прикажува жена која обработува нива?“

Во тек се дискусии дали „спорната“ статуа да се отстрани или да остане, со оглед на тоа дека веќе предизвикува повеќе од очекуваното внимание…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *