Неочекуваното зголемување на телесната тежина или наглото отекување на стомакот или колковите може да биде поради здравствени проблеми или хормонални пореметувања! Првенствено, тоа им се случува на жените за време на менструалниот циклус, но се појавува и кај мажите. Освен намалената физичка активност и зголемениот внес на храна, причините може да бидат и следни…
- Недостаток на сон
- Откажување од цигарите
- Синдром на полицистични јајчници
- Болести и пореметувања во работата на срцето
- Нефротски синдром или оштетувања на бубрезите
(Доколку немате значителни промени во животните навики и начинот на исхрана, а телесната тежина почнува значително да ви се зголемува, не е лошо да побарате од вашиот доктор да ви направи проверка на вашата здравствена состојба.)