Сутерен.мк

Наградата „4 Ноември“ за Божидар Божиновски

Божидар Божиновски познат како „Моџо Килингтон“ е еден од лауереатите на општинската награда „4 Ноември“ на град Битола по повод денот на ослободувањето на градот. Тој е еден од петте добитници на наградата за едногодишни постигнувања.

Божиновски за оваа награда беше предложен заради достигнувања во областа на литературата со неговото дело „Уништување“. Препознатлив по популарната комична емисија „Фчерашни новости“, работел како сценарист на серијата „Преспав“, автор на книгите „Аутопсија на љубовта“, „Денот кога не се разбудив“ и „Уништување“.

Општинската награда „4 Ноември“ за 2022 година се доделува исто така беше доделена на уметникот Благој Мицевски кој во постковид годината реализирал исклучително многу проекти кои покрај личната афирмација го афирмираат и градот Битола и државата.

Награда доби и нашата позната спортиската Оливера Наковска Бикова поради нејзините достигнувања во областа на спортот, постигнатите резултати на меѓународната спортска сцена, за што е наградена со орден од Претседателот на РСМ Стево Пендаровски.

Музичкиот интерпретатор Сефедин Бајрамов беше награден поради достигнувања во областа на музиката, кој е интерпретатор на голем број песни и мелодии, а посебен успех има со исполнувањето на песната посветена на Ајри Демировски – „Снагата ми е во Станбола, душата во Битола“.
Наградата „4 Ноември“ замина исто така и во рацете на др. Маријан Бошевски – редовен професор по интерна медицина и кардиологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.

Наградените покрај дипломата ќе добијат и паричен износ од 15.000 ден.

Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело му се доделува на Петар Ставрев – просветен работник, новинар, фотограф, фото-репортер, документарист, уредник и автор, репрезент на Битола и урбана личност без која не може да се замисли животот на Широк Сокак.

Ставрев беше предложен заради големи достигнувања од областа на новинарството, има реализирано неверојатни проекти, интервјуа со голем број значајни личности, а меѓу нив како најзначаен е Милтон Манаки, како новинар пишувал текстови за бројни весници. Голем придонес има и во областа на фото документирањето на настани, места и личности на Битола. Автор на повеќе монографии, каталози, проспекти. Автор на повеќе од 300 документарни филмови, добитник на наградите „Златна плакета“ и наградата од фестивалот „Камера 300“.

Наградата за животно дело му се доделува во вид на плакета и паричен износ од 60.000 денари.

Инаку Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ беше во состав од претседателот на Управниот одбор Габриела Илиевска и членовите Бојан Бојкоски, Зоран Петковски, Александар Димовски, Јадранка Павловска, Методија Илиевски, Марко Јосифовски, Ненси Лозанче и Жаклина Наумовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *