Копродукцискиот проект помеѓу МНТ, Перипетија продукција и Сараевски ратни театар САРТР, „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ е добитник на наградата од новинарското жири за најдобра претстава во целина на фестивалот БиХ драма Зеница – БиХ.
Додека пак, четири награди освои претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар во режија на Нина Николиќ на 56-от МТФ „Војдан Чернодрински“: наградата за уметничко остварување; за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и четвртата награда се доделува за рекламен материјал на Димитар Димитров.