#репост
Овен
За овните е општо познато дека акаат со главата во ѕид и кога вратата е отворена. Што после ова има да се додаде!? Ништо. Ама ние сепак, ќе надополниме за да нема дополнително замлатување и непотребно трошење време во иднина на нив. Овој знак е ко децата: анархист, неподнослив, напорен, бара се и сега, театрален, мазохист, искрен – да те заболат коските, фаталист… Комплетен идиот. Овните се блесави до бесвест, но никогаш здодевни и, тоа е единственото добро кај нив. За другото, џабе се обидувате. Тие нема да се променат ни следниот месец. Ни тој после него. Ни…
Бик
Досадни, досадни, досадни. Како осум баби на курс за плетење. Биковите немаат проблеми. Така што, секое ваше кукумјавчење ќе го сфатат како напад на нивниот интегритет (!?) и на целата планета. Нив се им е супер. Освен што им фали проблем за животот да им стане интересен. Молчаливи, самобендисани, досадни бре! Доколку сте заинтересирани за некој Бик, почнете да штедите на време за супер гаџети. Е, сега: кога деновиве ќе зафати планетарен глад, вие покрај бикот ќе бидете најадени. Малку ли е?!
Близнаци
Овие се буквално, Бог да чува. Озборувачи, алапачи, лигавештии, превртливци, предавници кои своето мислење го менуваат на секои пет минути. Суетни, нереализирани актери, површни. Никогаш и ништо не му е важно освен, сопственото задоволство. Џукели. Што ќе рече, кој го „храни“, тој го има. Нивното его, особено. А богами, баш се лакоми. А и циции. Толку се скржавци, што на подарок знаат и употребено ќебе да донесат. Ама пак, ако им се бендисате, можат и имотот во Чашка да ви го препишат. Не е лошо да поработите на однесувањето…
Рак
Раковите се навредени и, ако копчето на лифтот не го стиснеш како што тие мислат дека треба да биде стиснато. Садисти, во принцип. Особено, уживаат да ве изневеруваат, а ако ги обвините за лажење има да плачат и кукаат со децении. Познати се по до сега непотврдената варијанта на Алцхајмер: овие мрднати деспоти еден ден е вашиот најголем непријател, а веќе следниот – благоглаголива личност со блага амнезија. За сите оние кодошења на личностите кои за момент им поверувале, раковите ќе ги удри метеор во следниот месец. Не, нема да биде погодена целата планета – само вашата куќа или стан.
Лав
Овие неподносливо суетни створења едноставно, не треба да постојат. Абре, тоа кога ќе влезе во некоја просторија мисли дека сите се тука дојдени заради него и само заради него и дека сите го обожуваат. Вистината е дека има само еден фан – тој самиот. Арогантни, игноратни, самодоволни, вообразени, напорни, ама најчесто, убави. Толку убави, што не ни стареат?! Да бидеме искрени, поприлично и глупави се: никогаш нема да ви поверуваат дека кремата што им ја подготвува „елитната“ козметичарка е обична „нивеа“ со капки од бадемово масло. Ако. Лавовите за некои пет – шест недели (од сега) ќе остарат како и овните. Будалесто.
Девица
Девиците се ненормални. Затоа што станот го чистат со четка за заби. Велат, така се ослободувале од стресот. Жими мајка. Кој бре опсесивно – компулсивен неуротик има стрес?! Тоа им е лигаво оправдување за ситничарењето со кое ќе ве излудат. Тие всушност, не се ни човечки суштества. Тие се софтвер. И се им се сведува на секс. И на уредност. Лудаци, скроз. Подлеци. Кога – тогаш ќе ве остават на цедило. Што е добро со нив? Тоа што домот ви е постојано чист. За ич пари. Тоа што никој нема да сака да ви ја превземе девицата. Заедно сте. До смрт.
Вага
Еден месец можат да се двоумат дали ќе нарачаат хамбургер или сендвич со плескавица и помфрит. Огледалото им е најдобриот другар – до толку се мрзеливи да најдат нешто почовечно за друштво. Нарцисоидни шизофреници, без душа, без пулс. Ве сакаат само ако имате пари или сте на положба да им овозможите многу пари. Пријатели немаат, не ни сакаат да ги имаат, особено не – сиромашни. Додека не полуделе начисто, обидете се да го превземете владеењето со нивниот имот. Откако ќе ги искинат сите нервни жички, донесете им мачки. Па, потоа посвојте ги мачките. Па… Па, шо знам. Комплицирано е со мрзите.
Шкорпија
Лелеее мајко! Невоспитани, одмаздољубиви, расипани прцули. Накусо. Надолго: љубоморно посесивни психопати, самосожалувачки автодеструктивци, садисти, бесни, незрели… Вечни негативци, ништо страшно не ги изненадува: гладни се за детали за секоја несреќа. Опседнати се со секс. Ќе се обидат да ве одвлечкаат во кревет и додека закопувате некој близок. Главно, изгледаат интелигентно, опасно и лукаво. Меѓутоа, бетер од бесни детишта се. А како и сите детишта, страшни злопамтила се. (Особено, ако им ја одземете омилената играчка). Настрана од шкорпии, колку и да се сексиљави. А, се.
Стрелец
Комарџии, алкохоличари, трошаџии, кафанџии… Не влегувајте во брак со стрелец затоа што не постои случај во кој на стрелецот не му поминал меракот за една недела. Добро, за еден месец. Ама, најмногу! Тој мисли дека може да воскреснува луѓе, до таму му е недоветната самоувереност. (Не воскреснува само богати, кои го ставиле во тестаментот.) Најголемата забава со овој знак е да го фатите во лага: толку не знае да лаже, што тоа е смешно на ниво на лик од цртанка. Просто, солзи да ти прокапат… И, уште нешто: како што би рекол нашиот ценет премиер – „да ми извинат сите, ама овија се и криминалци и суетни, а богами и педери.“
Јарец
Епа, нема поголем камшикар од јарецот. Не знае да се извини ниту пак, прифаќа извинување. Говедо од човек. Ќе си ја продаде душата само да биде виден со некого или крај некого! Тотално амнезирани од искажување на чувства, емоционално неписмени суштества. Најпросто речено, искомплексирани фригидни кукавици. Ништо не може да ви пружи освен, доминација. Неоправдана, секако. Во следното тромесечје ќе биде главен на сите собиранки, митинзи, брифинзи, шо и да е, што е поврзано со кој и да е што се појавува на телевизија. Ама па, ако победи?! А? А?
Водолија
Преваранти. Секогаш, секаде. Ама, ама… Не пропуштаат да наслушнат, дознаат, разберат се што се случува со вас и околу вас. Се ќе направат за пријателот секако, но и во одреден момент сето тоа и ќе го наплатат. Немаат никакво чувство за одговорност и затоа, живеат кратко. На водолијата не и е грижа за ништо и никого. Тоа што е со вас е последица дека сака чудаци затоа што и себе си се смета за несфатена и екстраординарно вредна личност. Расчистете ги сметките навреме со водолиите, зашто голема е веројатноста да наследите долг – бајаги долг. Бидејќи се ќутливи, нема да ви кажат на време дека не им е добро…
Риби
Гњаватори од најтешкиот ков. Сами не можат ни до тоалет да отидат. Ако успеат да го изострат сами моливот, без ничие присуство, тоа е таков настан, таква сензација, што најверојатно потоа, ќе организираат забава по тој повод. Па, сите ќе ги малтретираат раскажувајќи им за потфатот. Толку се самосожалуваат што и на оградата од терасата им се смачени. Чекајќи да дојде некој да ги утеши или да им пружи помош, можат буквално, да испарат. Од чекање, де. Абе, тоа се само риби… Нежни суштества. Митски. Се додека не ви се вгнездат дома. Нема да ги избркате во наредните 15 години. Запишете се што побрзо на јога. Не дека помага, ама барем нешто сте „превземале“…