Фејсбук с(р)еќавања…
Само во ваква држава, надежта може да стане попатетична од очајот.
****
Поради руско-украинскиот конфликт, ни следела економска криза?
Демек, да ја очекуваме, да не се изненадиме, да не паднеме во депресија, да не се стресираме, да штедиме, да не трошиме пари на луксуз?
Абе, ние сме родени, остарени и ќе умреме во кризи дури и од автохтон карактер.
Дајте бе, затнете им ги муцките на Латентниве.
Плаќајте ги да ќутат, појќе ќе ве гласаат.
****
Постои зло. Чисто зло. Неусловено од ништо.
А злото драги мои, нема предиспозиции за реформи.
****
Ме среќава еден познаник сабајлево и, апропо државноста, ме прашува:
-Ти стално си ми била чудна. Вака искрено да ми кажеш, што си по убедување?
Со надеж дека ќе му го растеретам мозокот од непотребни грижи, одговарам:
– Јас сум либерал – песимист.
Ме погледна „онака“ и ми сврте грб. Ете, а си искрен, а некој е увреџен.