Сутерен.мк

Надеж

Фејсбук с(р)еќавања…

За луѓето кои се тивки обично, се мисли дека се срамежливи и мирни. Не, само се поплашливи: своите демони ги пуштаат на слобода многу поподмолно и понеочекувано од галамџиите.

****

За некој да има право да урла, предупредувајќи на било какво зло што ја загрозува заедничката егзистенција, од било кој агол, неопходен му е личен, тотален неконформизам и пожртвуваност што пак, директно води во сиромаштија и движење на рабовите на општеството.

Зашто, средиштето на ова наше т.н. живеење е целосно корумпирано од овенчаните со ловорики, подземни сили.

****
Премала земја сме за вакви мегаломански авантуристи.

****

Љубовта е само надеж за бескрајна радост и мир. Надеж, не гаранција.

****

Го разбирам јас тој гнев што со годините се претворил во ароганција. Уф, и тоа како, добро го разбирам. Сепак, никогаш, ама баш, никогаш, нема да ја оправдам истата.

****

Кога некој зборува во нивно име – сите се за.
Кога треба да зборуваат во свое име – сите молчат.
И тоа е се, што треба да знаете за Македонците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *