Како што пренесува Би – Би – Си, бројот на настраданите од поплавите расте, а до сега се забележани 156 мртви (меѓу кои и четворица пожарникари), а стотици и понатаму се водат како исчезнати!
Спасителите евакуираа околу 700 луѓе откако пукна браната на реката Рур, во областа Хајнсберг, во сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија. Најмногу се погодени германските региони кои се наоѓаат на границата со земјите од Бенелукс, но поплави има и во источниот дел, как границата со Австрија и Чешка.
Во Белгија страдале 27 луѓе, а во Австрија особено е погодена покраината Салцбург и делови на Тирол.
Германската канцеларка Ангела Меркел најави за денеска посета на селото Шулд, кое поплавите речиси го уништија.