Премногу сало на стомакот се смета за исклучително опасно по здравјето на срцето, а дури и витките со вишок маснотии на стомакот се во ризичната група за кардиоваскуларни болести. Ви нудиме три пијалока што се конзумираат пред спиење и кои ќе ви го подобрат дигестивниот систем, а со тоа и забрзаат топењето на мастите…
Исецкајте краставица, китка магдонос и еден исцеден лимон, додадете вода и изблендирајте ги.
Зелениот чај е одличен сојузник во ослободувањето од токсините во организмот. Пијте го млак.
Еден филџан чај од ѓумбир ќе ви го подобри варењето, намали надуеноста и овозможи мирен сон.
- Не ги пијте сите три пијалоци во иста вечер – одберете само еден! Нема таква магична течност што ќе го замени броењето на калории и физичката активност, кои се пресудни за губењето на вишокот маснотии и килограми од телото.