Сутерен.мк

Напишана првата телепатска порака!

Австралиецот Филип Окиф (62) кој боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС), кој не може да ги движи рацете, напиша порака „Здраво свету“ на социјалната мрежа Твитер со своите мисли, преку имплант во мозокот!

Филип Окиф

Неговата порака се појави на Твитер профилот на Томас Оксли, неврохирург и директор на Synchron, кој ја измисли стентрод технологијата, мозочен имплант кој им овозможува на пациентите безжично да ги контролираат дигиталните уреди со своите мисли.

Томас Оксли

„Кога првпат слушнав за оваа технологија, знаев каква независност може да ми донесе. Да го користите е како да научите да возите велосипед, потребно е малку вежбање, но кога ќе го совладате, станува многу природно. Сега само размислувам каде сакам да кликнам на компјутерот и можам да пишувам мејлови, да плаќам, да купувам, да пишувам пораки на Твитер“, рече Окиф.

Овој Австралиец комуницира со семејството и колегите со помош на новата технологија. Неговиот имплант беше поставен во април 2020 година, бидејќи страдаше од прогресивна парализа предизвикана од АЛС.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *