Сутерен.мк

Наскоро и таблета против Ковид – 19

Таблетата на Фајзер која го спречува коронавирусот би можела да стане достапна до крајот на годинава, а ко испитувањето што се спроведува во САД и Белгија се покаже успешно!

„Во моментов не постојат други лекови освен вакцините што можат да ја спречат заразата со Ковид – 19, но ако и еден се открие, тоа би можело ’засекогаш’ да не ослободи од локдауните“, пишува Daily Mail.

Фајзер, компанијата што ја произведе една од најпопуларните вакцини, почна веќе со испитување на својот експериментален лек, наречен Ф – 07321332, врз луѓето.

Иако повеќето од светската популација ќе се вакцинира, вакцините не се задоволително ефикасни, а некои луѓе не ни можат да ги добијат,што значи дека коронавирусот и понатаму ќе се шири.

Таблетата би можела да помогне во превенција на тешките облици на болеста кај луѓето кај кои вакцината не ги дава посакуваните резултати или би можела да е втора линија на одбрана во случај да се појави нов имуноотпорен вид на вирусот.

Како и да е, кон крајот на мај веќе ќе се имаат многу поконкретни информации за лекот. На фармацевтските компании им требаат години за да пласираат нов производ, но во случајот со спречувањето на Ковид – 19 науката значително се организираше и забрза.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *