Во Штутгард постои хотел во кој креветите не само што потсетуваат на автомобили, туку и направени се од автомобили!
V8 Hotel е место каде што ве чекаат 25 тематски соби посветени на прочуените модели на автомобили, а постои и т.н. „автомеханичарска соба“ со кревет пред кој се наѕираат „нозе на автомеханичар“, а има и апартман на четири ката посветен на мерецедесот.
Цената на ноќевањето е од двесте долари, па нагоре.