Сутерен.мк

Научници го пронајдоа змискиот клиторис

Главната истражувачка и една од ко-авторите на студијата, Меган Фолвел успеа да го лоцира клиторисот во опашката на змијата. Според тоа, истражувачите сметаат дека змиите женки имаат два индивидуални клиториси познати како хемилитори кои се одделени со ткиво и скриени на долната страна од опашката на змијата. Двојниот орган е составен од нерви, колаген и црвени крвни зрнца.

Фолвел изјавила дека своето истражување го започнала бидејќи не ѝ било јасно како е утврдено дека змиите женки немаат полови органи кога повеќето женки од другите видови животни имаат.

„Морав да погледнам дали ваквата структура недостасува или навистина ја има. Забележав двојна структура што беше истакната кај женките, и беше сосем поинаква од она што претходно го имам видено, а ги немаше ни импликациите што ги има пенисот кај мажјаците“, посочила истражувачката.

Таа и нејзиниот тим подоцна одлучиле да проверат дали оваа, како што ја опишале, срцевидна структура е застапена во различни видови змии и успеале да ја детектираат во дури девет различни видови. Хемиклиторисот кај секој од видовите е различен по големина.

Овие нови откритија сега наведуваат кон нови теории за полот на змиите што може да вклучи женско задоволство. Ова целосно може да ги смени досегашните убедувања на научниците дека размножувањето на змиите доаѓа по принуда од мажјаците, односно дека машките единки секогаш иницираат на парење.

Според Фолвел, ова фрла ново светло и на хипотезите за предиграта на змиите. Мажјаците често се обвиткуваат околу опашката на партнерот, односно според новото откритие точно околу местото каде се наоѓа клиторисот и пулсот.

Фолвел и нејзиниот тим при истражувањето наишле на многу податоци што покажуваат дека овие структури се навистина клиторис кај змиите женки и со тоа прават да се разликуваат од мажјаците што целосно ги менува досегашните учења за парењето кај змиите.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *