Сутерен.мк

Најарно, подалеку од комшии

Фејсбук с(р)еќавања…

Оди натпреваров Македонија – Австрија, извадил комшијата од втори, ТВ на тераса (не му даваат да пуши дома) и се дере, ко неандреталец или ко секој страствен навивач за репрезентација.

И се би било ок, ако тој истиот не вика полиција за плачење на дете.
Комшикава над мене, а под него, едно време му излезе и му се пушти: „Море, волу еден, намали тоа доживљајот! Не навиваш само ти.“
Овој: „Затрај се мори дебела. Тебе ќе те прашам шо да праам!“
Оваа: „Дебела ти е глаата и мислиш дека си некој фактор, па напреднала жена ти во општина, а уствари ја поткачија пошто и е дебела дундата во хеланките што ги носи.“
Овој: „Лавандата ти испоцрка пошто и се измочав на неа. Сакаш и тебе да те ‘навадам’?!“
Веќе знаете кој: „Ех, море дудук низаеден. На колку мои мочки имаш ти спиено, не си ни свесен?! “
Ја гледам комшикава излегува, јас одма по неа, „да фрлам ѓубре“. И, и велам:
– Те чув прееска. Со право. Ама и ти ги пушташ чаршафите преку цела моја тераса?
• Ние сме друго. Ти не викаш полиција на секое. А и многу ти е убав трендафилон на балконот, знаеш…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *