Сутерен.мк

Најголемите лузери на оскарите

Бредли Купер го зацементира своето место на листата филмаџии кои остануваат без Оскар и покрај големиот број номинации. Неговиот последен филм „Маестро“ имаше седум номинации, но не освои ништо.

Купер (49) досега доби 12 номинации за Оскар за седум филма, од кои пет за глума, две за сценарио и уште пет како продуцент и тоа за период од само 11 години.

Купер сепак не е најголемиот губитник во историјата на Оскарите. Рекордер е Грег П. Расел, кој 17 пати бил номиниран за најдобар звук, последно во 2017.

Следува композиторката Дајен Ворен со 15 номинации, додека меѓу актерите Глен Клоуз нема освоено Оскар од осум обиди, исто како и покојниот Питер О‘Тул.

Иако е еден од најголемите режисери на сите времиња, Мартин Скорсезе има само еден Оскар, а неговите последни два филма „Ирецот“ и „Убијци на цветната месечина“ добија по десет номинации, но останаа со празни раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *