Еден од најголемите трендови за 2026 година се сатенските здолништа и панталони во пастелни бои.
Сепак, експертите предупредуваат дека сјајните ткаенини (како сатен, свила или лакирана кожа) ја рефлектираат светлината и го нагласуваат секој сантиметар. Ако сте наталожиле малку тежина во пределот на колковите, сјајниот материјал визуелно ќе го дуплира тој дел.
Совет: Изберете мат текстури (густ памук или лен) кои ја апсорбираат светлината и ја прават фигурата порамна, односно и потенка.
Пролетта и морнарскиот стил одат рака под рака, но хоризонталните линии се вистински „убиец“ за линијата. Колку е поширока пругата, толку пошироко изгледа вашето тело. Наместо да изгледате како да сте на француската ривиера, ризикувате да изгледате како да сте се здебелиле два конфекциски броја.

Решение: Вертикалните линии се ваш најдобар пријател оваа сезона. Тие визуелно ја издолжуваат фигурата и „бришат“ килограми во секунда.
Иако се популарни за преодниот период, фустаните од трикотажа со крупен бод додаваат непотребен волумен. Бидејќи материјалот е тежок и се шири, тој паѓа точно по линиите на телото, нагласувајќи го стомакот и бутовите.
Кога велиме „крупен бод“ мислиме на онаа облека што е плетена со дебели конци или волна, каде што јасно се гледаат јамките и преплетите (како оние рачно плетени џемпери од бабите).
Самиот материјал е дебел и испапчен, па дури и да сте слаби, таквиот џемпер или фустан додава слој од 1–2 сантиметри преку целото тело и ја „голта“ фигурата.
Совет: Барајте фустани на преклоп, со V-израз и многу ситна плетка. Овој крој магично го издолжува вратот и го дефинира струкот, правејќи ве веднаш послаби.
Модата од почетокот на 2000-те години се враќа, а со неа и плитките панталони, односно панталоните и фармерките со низок струк. Ова е најризичното парче за пролет 2026. Плиткиот струк го „пресекува“ телото на најнезгодното место и создава таканаречен „muffin top“ ефект. Muffin top“ (мафинт топ) е популарен моден израз што го опишува моментот кога масните наслаги околу половината „прелеваат“ преку работ на тесните панталони или фармерки.
Не е секогаш работата во вишокот килограми, туку во лошиот избор на облека:
Кога панталоните завршуваат ниско на колковите, тие го притискаат мекото ткиво на стомакот и го туркаат нагоре. Дури и најслабите жени можат да добијат „мафин топ“ ако облечат премногу плитки и тесни фармерки.
Ако пак, панталоните се за еден број помали, појасот делува како стега која го истиснува стомакот надвор.
За ваков ефект придонесува и материјалот без еластин. Имено, цврстиот тексас што нема нималку растегливост не се прилагодува на телото, туку сурово го „пресекува“.
Високиот струк е „спасителот“. Панталоните и фармерки со висок струк го покрива критичниот дел на стомакот и дејствува како еден вид корсет кој сè држи на свое место.
Носете струкирани палта и блејзери. Ако веќе имате панталони што ви го прават овој проблем, облечете подолг и малку поширок блејзер одозгора. Тој ќе ја исправи линијата на телото од страните.
Секогаш е подобро да земете еден број поголеми панталони што паѓаат лежерно, отколку да се „пикнете“ во помали кои ќе направат да изгледате како да сте се здебелиле.
Златно правило: Високиот струк е задолжителен. Тој делува како природен корсет, го прибира стомакот и прави нозете да изгледаат бескрајно долги.
Ниските чизми до глужд, во комбинација со здолниште до колена се честа пролетна грешка. Тие визуелно ја пресекуваат ногата на најдебелиот дел од листот, со што изгледате пониски и покрупни.
Совет: За пролет изберете чевли во боја на кожа, со шпиц. Тие се спојуваат со линијата на ногата и создаваат илузија на виткост.