Соединетите арапски емирати односно, Дубаи, ја имаат највисоката градба на светот (Бурџ калифа), најголемиот трговски центар (Дунаи Мол), а сега го имаат и најдлабокиот базен (Дип Дајв Дубаи), кој е дизајниран така што изгледа како потопен град!
Базенот е длабок 60 метри и содржи 14 милиони литри вода, што е доволно да наполни шест олимписки базени. Наменет е љубителите на ронење од земјата и светот, без разлика дали се искусни нуркачи или почетници.