Сутерен.мк

Најдоброто на Греми

Соул аудиозаписот на Батист „Ние сме“, ја освои наградата за албум на годината, додека Родриго ги освои наградите за најдобар нов изведувач и најдобар поп албум на 64-то доделување на наградите „Греми“ што се одржа во Лас Вегас вчера.
Соул химната на Силк Соник,  „Оставија вратата отворена“, ги однесе и наградите за плоча и за песна на годината.
Лејди Гага се закити со уште една Греми награда заедно со Тони Бенет. Пејачката и нејзиниот 95-годишен соработник ја добија наградата за најдобар традиционален поп-албум за нивната втора соработка, „Љубов за продажба“.

Освен наградите, на церемонијата ѝ се оддаде почит на ѕвездата на „Фу фајтерс“, Тејлор Хокинс, и се емитуваше и видео-молба од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во претходно снимената порака, тој ги повика музичарите: „Со вашата музика, пополнете ја тишината што ја оставија руските бомби. Кажете ја нашата приказна. Кажете ја вистината за војната!“

Неговиот говор беше проследен со настап на Џон Леџенд, придружуван од украинските музичари Сиузана Иглидан и Мика Њутн, и поетот Љуба Јакимчук.

А медиумите ги издвоија највпечатливите комбинации на црвениот тепих…

Аврил Лавињ
Дуа Липа
Лејди Гага
Лени Кравиц
Парис Хилтон
Џаред Лето

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *