Според Мајкл Мекормик, историчар од „Харвард“, најлошата година за живеење на Земјата била 536 година од нашата ера.
Мекормик ја избрал 536 година кога поголемиот дел од светот бил во „мрак“. Тогаш започнале да се одвиваат низа настани кои им го загорчиле животот на оние кои биле доволно несреќни да живеат во тој период.
Европа, Азија и Блискиот Исток биле погодени од мистериозна магла, така што тие области биле во целосен мрак цели 18 месеци. Во Кина паднал снег кој предизвикал голем глад откако посевите биле уништени, по што дошло до недостаток на леб во следните неколку години.
Летните температури паднале за 1,5 до 2,5 степени Целзиусови, по што следела најстудената деценија во последните 2.300 години.
Историчарот Мајкл Мекормик тврди дека во Европа 536 година била „почеток на едно од најлошите времиња за живеење, ако не и најлошата година“, а до 640 година од нашата ера немало знаци дека работите ќе се подобрат.
Тврдењето на Мекормик е во спротивност со другите години како 1349 година кога „црната смрт“ ја опустошила Европа или 1918 година кога грипот убил до 100 милиони луѓе.
Бубонска чума
Страдањата од тие години по 536 година продолжиле во 541 година кога бубонската чума го погодила римското пристаниште во Египет, се проширила и избришала третина од Римската империја на исток. Ова, според Мекормик, го забрзало падот на Рим.
Според новото истражување, мистериозната магла всушност најверојатно била предизвикана од вулканска ерупција на Исланд. Ерупцијата покрила голем дел од северната хемисфера со пепел, а потоа следеле уште две големи ерупции, во 540 и 547 година, заедно со чумата.
Економска стагнација
Ова предизвикало економска стагнација до 640 г. Кајл Харпер, историчар од Универзитетот во Оклахома, вели дека записот за катастрофи и човечко загадување откриени во мраз на глечер дал нов тип на записи за разбирање на синџирот на човечки и природни причини кои довеле до падот на Римската империја и најраните потреси на новата средновековна еконимија.