Сутерен.мк

Најмасовните човечки миграции

Во текот на човековата историја, масовни миграции имало многу и не е лесно со сигурност да се потврди која од нив била со најголем обем. Сепак, најчесто се споменуваат две големи миграции на население – Поделбата на Индија и Италијанската дијаспора!

Британска Индија во 1947 година е поделена на Индија и Пакистан со акт на парламентот на Обединетото кралство на Британија. Денес се тоа три независни држави: Република Индија, Исламска Република Пакистан и Народна Република Бангладеш. Во текот на поделбата на Индија, направено е уште едно разединување во неа, на две провинции, Бенгал и Панџаб, првенствено на религиозна основа.

Во текот на овој процес, помеѓу десет и 12 милиони луѓе (меѓу кои и војска, морнарица, државни службеници…) емигрирале, што предизвикало голема бегалска криза во регионот. Оваа бројка е официјално што е документирана, но се верува дека вистинската е далеку поголема.

Во италијанската историја се разликуваат две големи миграции на населението. Првата започнала во 188о година и траела 30 до 40 години. Со подемот на фашизмот, иселувањето е привремено запрено.

Сиромаштијата предизвикана од недостаток на земја како последица на бројни поделби на имотите низ генерациите, ги приморала луѓето (особено на југот на земјата) спас да побараат во Соединетите американски држави и земјите на Јужна Америка.

После Втората светска војна доаѓа до второто големо иселување. Овие две фази на Италијанската дијаспора ја прават најголема документирана масовна миграција во историјата. Во текот на еден век (1880 – 1980 година), Италија ја напуштиле 15 милиони луѓе, пишува World Atlas.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *