Најмоќниот хороскопски знак

Сезоната на Овенот трае од 20. март до 19. април и претставува влез во суштината на благородноста и мудроста. Луѓето родени во овој знак се интелигентни и чувствителни. Како прв знак во зодијакот, овенот и во животот најдобро се снаоѓа во улогата на лидер и иницијатор, додека подредената положба тешко му паѓа.

Тие се искрени и отворени луѓе кои не се плашат да го изразат своето мислење, дури и во ситуации кога можеби би било попаметно да си го задржат за себе.

Овните се отворени, комуникативни и директни, а околината најмногу ги цени поради нивната искреност. Не сакаат лаги, подметнувања и игри зад грб, па со нив секогаш ќе знаете на што сте.
Обично го имаат главниот збор во друштвото, а и самите тие ги ценат поединците што се отворени и комуникативни. Имаат многу идеи и секогаш започнуваат некој нов проект, но честопати им недостасуваат трпение и упорност за да ја завршат започнатата работа до крај.

Најдобри се кога треба да смислат интересна идеја, чија детална реализација со задоволство би им ја препуштиле на други, потрпеливи знаци.

Овните сакаат да држат сè под контрола, но тоа честопати не им успева. Многу директно се движат кон целта, па знаат да бидат и малку непријатни поради тоа.

Најмногу ги мотивираат амбицијата и успехот и благодарение на големата енергија, најчесто сè им оди од рака.
Многу им е важно да изградат кариера и да имаат добар општествен статус, што честопати знаат да го постигнат и со брак.

Овните се големи импровизатори и лесно пронаоѓаат решение за секој проблем, без разлика дали е професионален или финансиски. Мора да имаат многу пари, бидејќи обожаваат да трошат, великодушни се и сакаат да ги опсипуваат другите со внимание.

Имаат многу едноставен и чист пристап кон љубовта.

Страсните овни одат на сè или ништо и никогаш не се задоволуваат со половични решенија. Отворени и директни, не се срамат да преземат иницијатива и да ѝ пријдат на личноста што им се допаѓа.

Кај нив, сè е едноставно, но може да станат многу невротични доколку немаат партнер или доколку не добиваат доволно љубов.

Подготвени се максимално да се жртвуваат за партнерот, кого го одбираат многу внимателно. Најдобро се согласуваат со други огнени знаци – лав и стрелец. Сите тројца се енергични и храбри луѓе кои сакаат нови искуства, па заедно уживаат во богатиот социјален живот и забавните активности.
Терезиите ги привлекуваат, јарците им се премногу сериозни, а раковите ги сметаат за премногу чувствителни. Врската со скорпија им е исполнета со жестоки караници и бурни смирувања, додека со бикот можат да пронајдат среќа, доколку обајцата ја контролираат својата тврдоглавост.

Близнаците и водолиите им се идеални животни сопатници и верни пријатели, додека рибите им се интересни, но со текот на времето може да им досади нивната преголема емотивност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *