Некои од нив, како боршчот, станале и симболи на своите држави. Следува списокот на чорбите и супите што се препознатливи во светот, според Travel Magazine…
- Говедски Фо, Виетнам
Чорбата со часови се крчка со цимет, ѕвездест анис и други зачини и оризови тестенини. До 1930 година, супата се сервирала со резанки сирово говедско, нежно сварено во чорбата. Денес опциите се со сировп говедско или со мешавина од сирово и варено говедско.
- Боршч,Украина и Русија
Парчиња на нежна репка пливаат во фантастичната црвена чорба која е омилена ширум источна Европа. Боршчот може да биде и прелиен со богата павлака, додека основата на супата е цвеклото.
- Бујабес, Франција
Паприкашот со риба (бујабес) во Франција има иконичен статус и е синоним за приморскиот град Марсеј. Во оваа чорба има шафран, маслиновомасло, коморач (дива миродија), лук, патлиџан и свежа морска риба. Сепак, од 1980 година, според Повелбата Бујабес, најавтентичниот рецепт мора да содржи најумалку четири видови на морски плодови!
- Калдо вере, Португалија
Ситно исечкан зеленчук, компир и лук се основата на оваа супа. Во многу верзии, нежниот португалски колбас чоурико и додава малку зачаден, солен вкус, што ја прави уште повкусна.
- Фрик, Алжир, Либија и Тунис
Тврдата пченица набрана додека е се уште зелена (наречена фрикеш), ја прави оваа северноафриканска супа омилена, особено за време на рамазанските празници. Покрај пченицата, во неа има и патлиџани, леблебија, динстано полешко, говедстко месо, но и овчо или јагнешко. Се служи со лимон и леб.
- Супа од шкампи, Перу
Оваа крем чорба од шкампи е совршена за студените ноќи, а покрај ракчињата, содржи и компир од Андите и пченка. Малку и налутнува, поради амарилата, луто пиперче со овошен вкус. Чорбата ја сметаат и за моќен афродизијак.
- Гаспачо, Шпанија
Ова е студена супа од зеленчук и најкласичната верзија е составена од патлиџани, краставици, лук и маслиново масло и суви презли (колку што ви собира во дланката). Оригиналниот рецепт пак (го донеле Арапите) е мешавина од леб, лук и маслиново масло – истолчении зачинети со оцет.
- Харира, Мароко
Станува збор за вариво од леблебии, цимет, ѓумбир, куркума, бибер и многу патлиџани. Најкласичната верзија сепак, содржи и динстано јагнешко или друго месо.
- Ланзоу, Кина
Домашни тестенини, потопени во говедски бујон, на кои им се додава нежно говедско месо, резанки од ротквици, чили масло и свежи зачини.
- Том Јам, Тајланд
Слатка, кисела,зачинета и солена, ова е величествена супа со ракчиња! Покрај ароматичните тајландски зачини, во неа се става и лимон – трева и црвени лути пиперчиња.
- Јогурт чорба, Турција
Варениот ориз или јачмен и многу јогурт се основата за оваа крем супа за која се верува дека штити од настинки. При сервирањето, ставете и прстофат сушено нане и послужете со свеж леб – пита.