Во Зоолошката градина Дартмур во Англија пристигна амурски леопард, најретката дива мачка во светот, која го доби името Фредо.
„Фредо е вешт да се качува по ѕидови и да скока меѓу дрвја, па затоа го направија неговиот нов дом безбеден“, велат од зоолошката градина.
Зоолошката градина исто така соопшти дека го регистрирале леопардот на „веб-страница за запознавање со животни“ за да му најдат партнер и да се размножи. Бенџамин Ми, главен извршен директор на Зоолошкото друштво Дартмур, вели дека Фредо е прекрасен.
Според некои податоци, во дивината останале само 140 амурски леопарди, а 300 има во европските зоолошки градини.
„Фредо пораснал во дивината пред да заврши во заробеништво, но сега е дел од програмата за размножување чија цел е повторно да ги воведе загрозените видови во нивното природно сибирско живеалиште“, вели Ми.