Сутерен.мк

Поскапените градови во 2021-ва!

Тел Авив е најскап град за живот во 2021 година откако високата инфлација која ги подигна цените на голем спектар производи и услуги низ целиот свет по пандемијата со коронавирусот!

Израелскиот град се искачи пет места погоре на листата во споредба со минатата година и ги престигна ланските најскапи градови Париз, Хонг Конг и Цирих.

Растот на Тел Авив делумно е и поради растот на вредноста на нивната национална валута, шекелот, во споредба со доларот, како и поради зголемените цени за транспорт и основни намирници.

Францускиот главен град оваа година се најде на второто место заедно со Сингапур, а во првите пет се уште и Цирих и Хонг Конг. Њујорк е на шестото место, Женева на седмото, а во десетте најскапи градови се уште и Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.

Дамаск е рангиран како најевтин град за живот во светот, а на дното на индексот се уште и Триполи, Ташкент, Тунис и Алмати.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *