Тешко е да се процени паричната вредност на ремек – делата. Која цена на пример, би добила Мона Лиза на Леонардо Да Винчи, доколку е на продажба? Иако, повеќето дела на познатите сликари денес се во музеите, дел од нив сепак, се во рацете на поединци, а подолу се пет што до сега, се најскапо продадени!
Џексон Полок, Nubmer 17A (1948)
Ова дело на еден од водечките претставници на апстрактниот акспресионизам е во сопственост на богатиот менаџер Кенет Грифин, кој го купил во 2015 година за двесте милиони долари.
Пол Гоген, Nafea faa ipoipo? (1892)
Сликата на Гоген насловена како „Кога ќе се омажиш?“ ја поседува анонимен сопственик, а купена е во 2014 година за 210 милиони долари.
Пол Сезан, Les Joueurs de cartes (1894 – 1895)
Кралското семејство на Катар во април 2011 година ја купи оваа слика за 250 милиони долари.
Вилем де Кунинг, Interchange (1955)
Холандско – американскиот уметник Кунинг создавал и апстрактна и фигуративна уметност. Ова негово дело од септември 2015 година го поседува Кенет Грифин за цена од триста милиони долари.
Леонардо да Винчи, Salvator Mundi (1500)
Во 2017 година, на аукција, Министерството за култура и туризам на Абу Даби го купи ова дело за 450,3 милиони долари, но неофицијално, негов сопственик е саудискиот принц Мухамед бин Салман.