Сутерен.мк

Најскапото сирење на светот

Шпанското сино сирење Кабралес го собори рекордот за најскапо сирење досега, откако беше продадено на аукција за над 32.000 долари на локалниот фестивал на сирење

„Знаевме дека имаме добро сирење, но и дека е многу тешко да се победи“, изјави за шпанската новинска агенција Ефе, Гиљермо Пендас, кој го произведува неверојатно скапото сирење во семејната фабрика во Лос Пуертос.

Една пита од 4,8 килограми од полутврдиот, млечен производ – кој созрева во планинските пештери на Астурија во северна Шпанија се продала за 30.000 евра, поставувајќи нов Гинисов рекорд.

Ова се случило откако синото сирење Кабралес било прогласено за најдобро оваа година на 51-от годишен натпревар за сирење на Лас Аренас.

Сирењето го купил Иван Суарез, сопственик на ресторанот „Ел Лагар де Колото“ во близина на Овиедо, кој изјавил дека „страста за земјата“ и „работата на производителите на сирење“ го инспирирале да ја зголеми понудата.

Тој, исто така, го купил претходното сирење кои го држело Гинисовиот рекорд, исто така од типот Кабралес кое се продавло во 2019 година за 20.500 евра (22.129 долари).
Преголемата цена на ова сирење делумно се должи на тешкиот процес на неговото правење.

Прво, производителот зема сирово кравјо млеко или мешавина од кравјо, овчо и козјо млеко и потоа го старее најмалку четири месеци во планинските пештери во регионот Кабралес во националниот парк Пикос де Европа.

Роза Вада, мајката на Пендас и сопственик на Лос Пуертос, рече дека победничкото сирење било созреано во пештера висока 1.400 метри, на 7 степени Целзјусови за „минимум осум месеци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *