Сутерен.мк

Најсмртоносната пандемија започнала во Киргистан

По седум века, меѓународен тим експерти го откри потеклото на најсмртоносната пандемија на чума во историјата на човештвото, која однесе стотици милиони животи во Европа, Азија и Северна Африка.

Новите анализи покажуваат дека инфекцијата започнала на територијата на денешен Киргистан во Централна Азија, некаде во четвртата деценија на 14 век, по што се проширила низ остатокот од Азија до Европа и Северна Африка и однела меѓу 75 и двесте милиони животи.

Истражувачки тим од Универзитетот во Стирлинг во Шкотска, германскиот институт Макс Планк и Универзитетот во Тибинген анализирале древни примероци на ДНК од скелетни заби на гробиштата во близина на езерото Исик Кул во Киргистан.

Областа беше избрана по утврдувањето на голем скок на смртни случаи од други извори во 1338 и 1339 година – неколку години пред да избие пандемијата.

Марија Спиру од Универзитетот во Тибинген вели дека тимот секвенционирал ДНК на седум скелети.

Забите се анализирани бидејќи содржат крвни садови и има големи шанси да се утврди постоење на патогени од крвта што ја предизвикале смртта.

Експертите успеале да пронајдат траги од предизвикувачкиот агенс на чумата, бактеријата Ѕерсиниа пестис, во три од седумте примероци.

Историчарот Филип Славин од Универзитетот во Стирлинг истакнува дека ова е многу значајно откритие.

„Нашата студија одговори на едно од најголемите и најфасцинантните прашања во историјата на човештвото и утврди кога и каде започна најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото“, рече Славин.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *