Сутерен.мк

Најтенкиот облакодер на светот

Завршена е изградбата на најтенкиот облакодер на светот, кој се наоѓа на Менхетн, Њујорк, така што тој е подготвен да ги прими своите жители. Станува збор за облакодерот наречен „Стајнвеј тауер“, чиј сооднос на висина и широчина е 24:1 и со тоа официјално е најтенкиот во светот.

Со оглед на неговата висина од 435 метри, овој облакодер е меѓу највисоките на западната хемисфера. Повисоки од него се Светскиот трговски центар 1 во Њујорк (541 метри) и кулата „Централ парк“ (472 метри).

Кулата „Стајнвеј“ има 60 апартмани распоредени на 84 ката, а има и дополнителна зграда „Стајнвеј хол“. Кулата е дизајнирана од њујоршката компанија „Шоп архитектс“, а изградена е од компаниите „ЈДС девелопмент“, „Проперти маркетс груп“ и „Спрус капитал партнерс“. Изградбата започна во 2013 година.

Супертенките облакодери, познати како кули моливи, станаа популарни во Хонгконг уште во 1970-тите години, а оттогаш овој тип на градба го следат и други големи градови како Њујорк. Архитектонската фирма откри дека нашла инспирација во „златната доба на облакодери на Менхетн“ и во историјата на Њујорк. Фасадата на кулата вклучува блокови од теракота, материјал што ги менува бојата и текстурата под различни светла од различни агли.

Во „Стајнвеј“ цените се движат од 7,75 милиони долари за студио до 66 милиони долари за пентхаус.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *