Холанѓанката Јута Лирдам на Олимписките игри во Пекинг се натпреварува во брзо лизгање и е една од фаворитките. Има 23 години, а светските медиуми на ЗОИ ја прогласија за најубава спортистка на оваа Олимпијада!
На 18 години победила на неколку трки на Светското јуниорско првенство во Хелсинки,а две години подоцна влегла во репрезентацијата за возрасни.
Таа е тројна светска шампионка, два пати шампионка на Европа и повеќекратна светска јуниорска шампионка. Освен во спортот, таа е успешна и како фото-модел.