Братот и сестрата, наследници на угледно семејство од Шведска, но родени и пораснати во Њујорк и Лос Анџелес ја имаат најубавата фотографија на овогодинешното, 78 издание на Филмскиот фестивал во Венеција!
Меги Гиленхал и нејзиниот помлад брат Џејк се успешни и светски познати актери, но и синоним за меѓусебна љубов и подршка.
Повод за нивното присуство на Фестивалот е режисерското деби на Меги со филмот „Изгубената ќерка“, работен според романот на Елена Феранте, а кој ја открива другата, помалку позната и помрачна страна на мајчинството.
Извор: ELLE