Ранг листата е направена според хаштазите на Инстаграм кој ги имал секој водопад, а истражувањето е направено во јануари, пренесува Travel Magazine.
Па така, на прво место се Нијагарините водопади (иако се едни од најмалите по величина – 51 метри) со вкупно 3 397 431 хаштази.
Втори се Игвасу водопадите во Аргентина со 1 005 532 хаштази.
Трети по популарност е Гулфос (Златниот водопад) на Исланд, кој може да се пофали со 329 576 хаштази на Инстаграм.
На четврто место се Викториините водопади во Замбија (286 410 хаштази), а на петто е Скогафос, исто така на Исланд, со 255 519 хаштази.
После нив следат:
Multnomah Falls (САД) – 251 639 хаштази
Yosemite Falls (САД) – 190 185 хаштази
Seljalandsfoss (Исланд) – 163 914 хаштази
Bridalveil Fall (САД) – 147 678 хаштази
Snoqualmie (САД) – 131 475 хаштази: