Сутерен.мк

Најубавите светски плоштади

Мајскиот плоштад со векови бил средиште на политичкиот живот во Буенос Аирес и цела Аргентина. Името му е во чест на револуцијата со која на 25 мај 1810 година на ова место започнал процесот за стекнување на независност од Шпанија.

На Стариот градски плоштад во Прага се наоѓаат историски градби како Тинската црква од 14 век, која доминира со своите две готски кули високи по 80 метри.

Плоштадот Тиенанмен се наоѓа во центарот на Пекинг и е еден од најголемите на светот. Името го добил по истоимената капија („капија на небескиот мир“), што го дели плоштадот од Забранетиот град.

Во срцето на Мексико Сити се наоѓа плоштадот Сокало или официјално „Плоштад на уставноста“ и е еден од најголемите во светот со чија панорама доминира грандиозното мексиканско знаме кое секојдневно церемонијално се крева и спушта.

Центарот на Сиена го краси Пјаца дел Кампо, кој е еден од најубавите и најголеми средновековни плоштади во Европа, а прочуен е по хомогената и хармонична архитектура.

Големиот плоштад е централната градска атракција и една од најпосетените туристички дестинации во Брисел. Историјата му започнува кон крајот на 16 – от век, кога овде бил пазарот на отворено.

Џема ел Фна е грандиозен плоштад во стариот дел на Маракеш, кој првенствено е отворен пазар. Уште од 11 век, па се до денес, тој е и дом на актери, музичари, магионичари, акробати, танчери, читачи на судбините, скротувачи на ѕверови…

Главниот Градски плоштад во Краков датира од 13 век. Се наоѓа во срцето на Стариот град и е омиленото место како на туристите, така и на локалното население.

Мердека на индонезиски значи слобода/независност. Овој монументален плоштад се распостила на еден километар квадратен во центарот на Џакарта и е еден од најголемите во светот.

Шпанскиот плоштад е создаден за потребите на Иберо – Американската изложба што се одржала во Севиља во 1929 година. Импозантната градба е вешта комбинација од необарок, неоренесанса, неомаварски и арт деко архитектонски стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *