Сутерен.мк

На таа пара, да не личиш на себеси?!

На луѓето кои ги сакаме им го простуваме стареењето, но не и промените што притоа им се случуваат!

Оптеретени од постоечките идеали на убавината и фзичкиот изглед наметнати од општеството, по секоја цена се бара да се остане вечно млад и совршен.

Особено, ако сте успешен и познат.

Експертите велат дека една од клучните работи е да го прифатиме фактот дека не можеме се да поправиме. Нагласувајќи притоа дека мерилото на убавината во зрелите години никако не треба да биде фотографијата од младоста!

Деми Мур

Поткренати образи, филери, лифтинг на лицето, пополнување на горната усна, кратење на растојанието помеѓу устата и носот… И? Сосема друга насмевка, сосема поинаков лик.

Мег Рајан

Вишокот инекции и ги избришале сите нежни црти налицето по кои беше препознатлива. Отечено, многу отечено…

Кортни Кокс

Изгледа со Деми одат кај ист лекар. Од толку затегнување налицето,очите едвај и и се гледаат.

Кристин Дејвис

Премногу филери во аглите на усните, корекции на образите, а преголемата доза на ботулински токсин и гоима нагрдено челото.

Никол Кидман

Кидман со интервенции почнала многу рано, па изгледа подзаборавила колку и кога е доста. Образите и се отечени од тежината на ботоксот, а очите и се смалени. Ставала инекции и во усните и брадата и отука таа укоченост на устата.

Кејт Мос

Хијалуронска киселина во образите, челото не и мрда од ботулин токсинот, а и со вбризгување во горната усна претерала.

Џенифер Анистон

Од толку боцкања, вбризгувања и затегања, повеќе личи на маж, отколку на некогашната нежна миленичка на публиката.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *